Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс игра сезона за паметење и е еден од најдобрите поединци во Евролигата, поради што секојдневно му пристигнуваат понуди од најголемите кошаркарски гиганти. Меѓу нив е и Барселона, која, според „Планета баскет“, му понудила годишна плата од 2,5 милиони евра годишно. Но, тој експресно ја одбил оваа понуда.

Инаку, Американецот со македонски пасош се најде во тимот на сезоната во Евролигата и неколку пати беше прогласен и за МВП на колото.

Одличниот плејмејкер е вистински лидер на Париз во домашниот шампионат и во Евролигата. Благодарение на него, францускиот тим стигна до плејофот на најсилното европско клупско натпреварување, каде што за противник го има Фенербахче. Моментално, турскиот гигант води со 2:0 во серијата од три, откако славеше и на вториот меч на домашен терен со 89:72. Сега серијата се сели во Париз.

Што се однесува до Евролигата, вториот турски тим, екипата на Анадолу Ефес, приреди вистинско изненадување во Грција, совладувајќи го актуелниот шампион, Панатинаикос, со 79:76 и израмнувајќи 1:1 во победи. Сега, серијата се сели во Турција, а Ефес ќе ја има поддршката од публиката во обидот да приредат вистинска сензација во Евролигата и да го елиминираат шампионот. Потсетуваме, четвртфиналната серија се игра во три добиени.

ИЗДВОЕНИ