Поранешниот вардарец Игор Карачиќ дојде напомош во Хрватска и пак покажа дека е ракометна класа. Со своите потези против Унгарците и против Франција, им помогна на „коцкестите“ да се пласираат во големото финале на Светското првенство

На дуелот со Франција, тој даде многу важен гол, додека Хрватите беа со четири играчи во поле заради исклучување. Наиде на овации од публиката, пофалби на социјалните мрежи, а меѓу присутните во салата беше и неговата сопруга.

Македонката Душица која е заедно со Карачиќ уште од времето во Вардар, има голема страст кон ракометот. Средниот бек блескаше пред нејзините очи, а по натпреварите заслужено ги добива македонски бакнеж…

Фото: Tportal.hr

ИЗДВОЕНИ