Македонски автобус остана заглавен кај Ражањ, во Србија, во снежните наноси, кои попладнево ја зафатија целата земја. Снегот кој веќе со часови паѓа, направи колапс во сообраќајот на многу патни делници низ земјата.
На патиштата се вози бавно и тешко, а се апелира до возачите да возат внимателно и да бидат трпеливи.
Снежната бура најголеми проблеми направи во западна Србија, а на неколку патни правци се блокирани од излизгани автобуси и големи камиони.