Македонската секси фолк-убавица Сузана Гавазова во Америка не ги броеше ќерамидите – „Бум, бум“ настапи за кои се бараше билет повеќе

105

Сепак во Америка не летна, за да таму ги брои ќерамидите, и ако оттаму ни ја испрати таквата фотографија, се разбира во таквото секси издание снимена на балконот на една летна тераса на топлата Флорида. Секако згодно разголена на што сме навикнати од страната на атрактивната фолк-ѕвезда Сузана Гавазова.

Пејачката таму преку “барата“ одржа многу концерти за кои се бараше билет повеќе. Нашите луѓе, не само Македонци, туку и од поранешната Југославија се стискаа еден до друг, да ја видат убавата Македонка, а која ги почести со своите стари и нови хитови, а и секако дека Сузе одлично заработи.  Еротскиот набој и на тие настапи беше присутен. Публиката тоа го сака, а Гавазова им ги исполнува желбите. Затоа атмосферата е толку зовриена што доведува до тоа да мора да се отвораат вратите од салите за да влегува свеж воздух! Во спротивно, мажите би се онесвестувале!

Жешката Македонка знае како треба со публиката, па дури и соблечена по еротски фустани и со пеење во живо го прави тоа што другите тешко да можат. Доказ, дека еротика и естрада од секогаш одеа заедно. Во случајот на Гавазова и „Бум, бум“ настапите во Америка тоа беше и повеќе од очигледно успешно направено. –                – И да нема забуна, да не се грижите или потресувате. Сите овие случки беа под будното око на Јасмин Курузовиќ, грижниот сопруг на Сузана, а кои што разголени на плажата во Мајами си направија одлично еротско летно селфи. Воедно, Сузана  ни покажа дека на рамото има и добра тетоважа. За секоја пофалба!  Д.М.

ИЗДВОЕНИ