Пред македонската фудбалска репрезентација е исклучително важен период, во кој го стартуваме квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство наредната година. Пред нашата селекција се два тешки натпревари, во кој ќе играме против селекцијата на Лихтенштајн и на Велс.
По тој повод, селекторот Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за двата натпревари кои ќе се одиграат во март, а повратник во селекцијата е Агон Елези, додека повик доби и Лука Станковски од српски Раднички Крагуевац. Офанзивниот фудбалер игра во одлична форма во последно време што резултираше со повик за А-репрезентацијата.
Исто така, во репрезентативниот табор по пауза од два собири се враќа Агон Елези кој почна да игра редовно во хрватска Горица. Во тимот е и голамнот Дејан Илиев кој исто така е повратник по неколку собири пауза.
Покрај овие тројца фудбалери, на списокот се и стандардните Столе димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски на голманската позиција, во одбраната се Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски и Ѓоко Зајков. Средниот ред го сочинуваат Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Давид Бабунски, Тихомир Костадинов и споменатиот Агон Елези, додека во напаѓачката линија се Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Лирим Ќамили, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски и дебитантот Станковски.
Првиот натпревар се игра против Лихтенштајн на 21 март на гостински терен, а потоа Велс доаѓа во Скопје на 25 март, меч кој ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“.