Македонската ракометна репрезентација потешко од предвиденото ја совлада Естонија со 37:33 (20:20), во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство за 2026 година. Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ се играше пред неисполнета сала и со далеку подобри напади од одбрани на двете селекции.
Најефикасни во нашиот национален тим беа Серафимов со десет и Митев и Кузмановски со по седум гола, а кај Естонија одличен натпревар одигра Карл Тум со единаесет погодоци.
Фото:П.Стојановски
Македонија на овој натпревар играше без Филип Талески и Никола Митревски, а следен предизвик на нашите ракометари е селекцијата на Литванија, меч кој се игра во недела на гостински терен.