Македонската ракометна репрезентација ги загуби двата квалификациски натпревари од Словенија за пласман на Европското првенство во 2026 година. По овие порази, „црвено-жолтите“ се на третото место во групата (прва е Словенија со 8 бода, потоа следуваат Литванија со 6 и Македонија со 2, а последна, без бодови, е Естонија) и за пласман на континенталниот собир наредната година, ќе мора да слават на преостанатите два меча, на гостувањето кај Естонија и против Литванија, на домашен терен.
Последните две квалификациски средби се играат во мај. На 8 мај, Македонија ќе ѝ гостува на Естонија во Талин, додека три дена подоцна, дома, ја пречекува Литванија. Со победа на овие две средби и со пораз на Литванија од Словенија, Македонија ќе заврши на второто место на табелата. Ова е поедноставното сценарио.
Доколку се случи да не победат во Талин, а Словенија не ја победи Литванија, тогаш „црвено-жолтите“ ги чека потешко сценарио. На последниот меч од квалификациите, ќе мора да остварат убедлива победа над Литванија за да се најдат во кругот на четирите најдобро третопласирани репрезентации. Но, со две победи над Естонија и Литванија, ќе заврши на второто место во групата, кое сигурно води кон настап на континенталниот собир
Доколку се случи да не победат во Талин, а Словенија не ја победи Литванија, тогаш „црвено-жолтите“ ги чека потешко сценарио. На последниот меч од квалификациите ќе мора да остварат убедлива победа над Литванија за да се најдат во кругот на четирите најдобро третопласирани репрезентации.
По четири кола, репрезентациите на Хрватска, Словенија, Исланд, Германија, Унгарија, Португалија и на Фарските Острови го обезбедија пласманот на Европското првенство.
Македонија моментно е на седмото место од најдобрите треторангирани репрезентации во секоја од осумте групи. Пред избраниците на Кирил Лазаров, се селекциите на: Србија, Украина, Австрија, Финска со четири бода, Романија со три и Босна и Херцеговина со 2 бода, колку што има и Македонија на седмото место, а последна е Белгија, исто така, со два бода.