Македонската кошаркарска репрезентација претрпе уште еден пораз од Литванија во квалификациите за Евробаскетот следната година, овој пат на гости во Клаипеда со 94:72. Иако нашите кошаркари добро се држеа во првите три четвртини, сепак потклекнаа во последната кога домаќинот го доби последниот период со убедливи 30:10.
Ненад Димитријевиќ одигра неверојатен натпревар со 43 поени, но се повреди во последниот период по што домашните кошаркари ја направија разликата.
Нашите кошаркари водеа во најголем дел од првото полувреме, а на пауза заминавме со предност од 43:46. По третиот период имавме негатива од само два поени или 64:62, но по само неколку минути игра во последната четвртина се повреди нашиот најдобар играч Димитријевиќ, кој мораше да го напушти паркетот.
Македонија и покрај поразот има математички шанси за пласман на Евробаскетот и тоа откако Полска славеше на гостувањето кај Летонија со 86:88. Треба да се напомене дека Полјаците како еден од домаќините на Евробаскетот имаат сигурен пласман.
Во последните две рунди во евроквалификациите во февруари, на Македонија и е потребна победа на гости кај Естонија со најмалку шест поени разлика, а потоа и домашен триумф против Полска, додека Литванија ќе мора да ја совлада Естонија на домашен терен.