Македонската ракометна репрезентација го освои првиот бод на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, на отворањето во Д – Групата, во Вараждин му откинаа бод на фаворитот, селекцијата на Унгарија, откако одиграа нершено – 27:27 (14:14).
„Црвено – жолтите“ има за што да жалат, бидејќи можеа да го освојат целиот плен од овој натпревар, имаа предност од еден гол (27:26) и напад за победа но не го искористија по што противникот изрмни, а потоа уште помалку од десет секунди, но и оваа шанса не беше искористена.
Најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија се истакнаа Илиќ со шест и Лекаи со четири гола. Во второто коло в петок Македонија игра со Холандија, а Унгарија за противник ја има Гвинеја.
Фото: П.Стојановски