epa11753495 Sara Ristovska (L) of North Macedonia is challenged by Petra Fuzi-Tovizi of Hungary for the ball during the the EHF Women's EURO 2024 Group A third round handball match between North Macedonia and Hungary in Debrecen, Hungary, 02 December 2024. EPA-EFE/Zsolt Czegledi HUNGARY OUT

Македонската ракометна репрезентација настапот на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија, го заврши уште по завршувањето на групната фаза. Со еден освоен бод, од мечот против Турција, избраницичките на селекторот Кристијан Грчевски, на конечната табела се рангирани како 18 – то пласирана селекција од вкупно 24, колку што настапуваат на шампионатот.

Но, исто така интересно е и тоа што ниту Хрватска и Србија од регинот не успеаја да се пласираат во главната фаза, а уште поинтересно е тоа што се рангирани зад Македонија, која на овој шампионат настапи со еден од најмладите состави на шампионатот.

Хрватска е 19-та веднаш зад Македонија, додека Србија е на 21 место. По поразот од Швајцарија, поранешниот селектор на македонската машка ракометна репрезентација, а сегашен на женскиот национален тим на Хрватска, Ивица Обрван, порача дека резултатот не е изненадување. Хрватска заврши последна во групата со скор од реми и два порази.

 

„За вистинските познавачи на ракометот, а кај нас ги нема премногу, овој резултат не треба да биде изненадување. Имавме шанси, но Швајцарија е дома, има екипа која е долго време заедно и одиграа одлично, а тоа им донесе голема победа пред домашната публика. На нашиот тим му треба повеќе работа, тренинзи, се виде дека има потенцијал…Тие не бараа алиби, ние се надевавме на успех. Не е страшно да се испадне во првиот круг. животот продолжува понатаму“, кажа Обрван за хрватските медиуми.

Зад Македонија на овој шампионат завршија и репрезентациите на Турција (20), Португалија (22), Украина (23) и Словачка (24) . Изнеандувачки по групната фаза шампионатот заврши и за Шпанија (13), Австрија (14), Чешка (15), Исланд (16) и Фарски Острови (17).

ИЗДВОЕНИ