Македонската ракометна репрезентација е поразена од Словенија со 26:32 (16:15) на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“, во рамите од 3. коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2016 година.
Избраниците на Кирил Лазаров, одлично го стартуваа мечот и на два пати во првото полувреме имаа по шест гола предност. Но, до полувремето Словенија успеа да намали на минус еден (16:15). Во вториот дел гостите пукаа со сиот свој арсенал, успеаја да направат солидна предност и да ја задржат до крајот на мечот.
Филип Кузмановски беше најефикасен во нашиот национален тим со 10 гола, пред Марко Митев со пет и Жарко Пешевски со четири гола, додека кај гостите, Алекс Влах даде десет гола, Блаж Јанц, погоди седум пати, а голманот Јоже Базник имаше 12 одбрани.
Ова е втор пораз за „црвено – жолтите“ во квалификациите, откако претходно беа поразени и на гостувањето кај Литвнија. По овој пораз Македонија е на третото место на табелата со два бода, зад Литванија која има 4 и Словенија која е лидер со максимални 6 бода.
Шанса за реванш нашиот национален тим ќе има во Копер за четири дена, во недела, 16 март од 18:30 часот.