Македонија меѓу десете европски земји најчеста цел на сајбер напади

41

Во последниве години, има зголемување на сајбер нападите ширум светот, а некои земји се особено ранливи на сајбер криминалци поддржани од други земји. Од друга страна, вештачката интелигенција им овозможи на сајбер-криминалците да вршат уште пософистицирани напади и потешки за откривање, кои ги загрозуваат не само обичните граѓани, туку и цели компании и организации.

Според податоците на компанијата за сајбер безбедност во облак Kloudle, кои ги објави Euronews, некои земји во Европа се изложени на значително поголем ризик од другите. Нивното истражување покажа дека Босна и Херцеговина, Србија и Албанија се најранливи – барем кога станува збор за сајбер безбедност во облак.

Според нивните податоци, токму во овие земји се забележани најчести прекршувања на сајбер безбедноста во последните дваесет години. Потоа следуваат Обединетото Кралство, Ирска, Холандија, Латвија, Македонија, Италија и Полска.

ИЗДВОЕНИ