Министерот за европски прашања и национален ИПА- координатор, Орхан Муртезани- ја потпиша спогодбата за финансирање на ИПА 2024 – годишната акциска програма помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.
Оваа програма е во вкупен износ од 61.795.000 евра, од кои ЕУ-кофинансирањето е во износ од 58.600.000 евра; националното кофинансирање е во износ од 2.895.000 евра; трета страна – корисници на грантова шема – во износ од 300.000 евра. Овие средства се за поддршка на секторите: здравство, социјала, правда, внатрешни работи, конкурентност и иновации, енергетика, земјоделство, локален и регионален развој.
Овие финансиски средства, распределени во три години (почнувајќи од 2025), ќе бидат наменети за успешна имплементација на проектите што се од суштинско значење за европската интеграција на земјата и за зајакнување на институционалните капацитети.