Македонија ќе игра против Италија, Шведска, Полска…

80

Младинската репрезентација на Македонија доби сериозни противници во квалификациите за пласман на ЕП 2027 што ќе се одржи во соседните Србија и Албанија.

Нашата млада селекција се најде во четвртиот шешир во ждрепката, а за противници ги доби селекциите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија. Новиот квалификациски циклус ќе стартува во март 2025 и ќе трае до октомври 2026 година.

Согласно пропозициите, пласман на ЕП 2027 ќе обезбедат победниците во сите групи и најдобрата второпласирана од деветте групи, а останатите второпласирани селекции ќе играат бараж за преостанатите четири билети.

ИЗДВОЕНИ