Македонската ракометна репрезентација се пласираше во главната фаза на Светското првество во Хрватска, Данска и Норвешка, откако во последното коло од групната фаза ја прегази Гвинеја со 29:20 (14:10) и како третопопласирани од групата продолжуваат меѓу 24-те најдобри на турнирот.

Најефикасни во нашата селекција беа Филип Кузмановски со дванааесет и Ненад Костески со четири гола, додека кај Гвинеја се истакна Лилијан Паске со три погодоци. Одличен натпревар запиша и Марко Кизиќ со петнаесет интервенции, а една помалку запиша Рубенс Пјер на спротивната страна.

Утре е слободен ден, а во вторник главната групна фаза ја започнуваме против Австрија во Вараждин. Во главната фаза, Македонија ќе пренесе еден бод и ќе ги одмери силите со селекциите на Франција, Австрија и Катар.

Фото: П.Стојановски

ИЗДВОЕНИ