Брзите железнички линии на Европската Унија пораснаа на 8.556 километри во 2023 година, кога нејзината железничка мрежа имаше 200.947 километри железнички линии, при што најголемата густина имаше во и околу главните градови и во другите центри на население. Според податоците на „Евростат“, најголема густина на железничката мрежа е регистрирана во Чешка, со 123,2 метри железнички линии на квадратен километар. Други земји во ЕУ со голема густина се Белгија (119,2 м/км²), Германија (109,5 м/км²) и Луксембург (104,8 м/км²).
Од друга страна, најмала густини на железничката мрежа има во Грција (14,0 м/км²) и во Финска (19,4 м/км²). Мала густина е забележана и во: Шведска (26,8 м/км²), Естонија (27,2 м/км²), Португалија (27,8 м/км²), Латвија (28,9 м/км²) и Ирска (29,8 м/км²).
Од земјите на Балканот што се надвор од ЕУ, на прво место е Србија со 44 м/км², потоа се Македонија со 27,4 м/км², Косово 22,8 м/км², БиХ 20,1 м/км², Црна Гора 18,4 м/км², Турција 14,9 м/км² и последна е Албанија, само 9 метри железнички линии на квадратен километар.
Во железничката мрежа на ЕУ, брзите железнички линии дизајнирани за брзина од 250 километри на час сè почесто ги опфаќаат националните граници, олеснувајќи го непреченото брзо патување низ ЕУ. Оваа интероперабилна мрежа забележа значителен раст во изминатата деценија. Од 2013 до 2023 година, таа се прошири за 2.744 километри (+47,2%), на 8.556 километри.
Во 2023 година, Шпанија го предводеше патот со 3.190 км брзи линии, што претставува зголемување од 66 % од 1.919 километри во 2013 година, следена од Франција со 2.748 км (+ 35% од 2.036 км), Германија со 1.163 км (+ 32% од 881 км) и Италија со 7% 3 км (+ 32% од 881 км). Белгија забележа 211 километри брзи линии, а Холандија 90 километри (и двете непроменети од 2013 година). Во Данска изнесува 57 километри, отворена во 2019 година.
(С.Бл.)