Во Неготино попладнево се одржува протестниот марш за Фросина Кулакова, предводен од нејзините другарки. Правда за неа, но и стоп за сообраќајното насилство бараат голем број на луѓе, сограѓани на загинатата, но граѓани од сите градови на Македонија.
Од градскиот плоштад, по главната улица Маршал Тито, присутните тргнаа кон градските гробишта.
Со протестот се испраќа јасна порака дека мора да се стави крај на сообраќајното насилство и законите да важат за сите.