Македонската кошаркарска репрезентација ги почна подготовките за натпреварите што следуваат во ноемврискиот ФИБА-прозорец, за пласман на Евробаскетот во 2025 година. Селекторот Александар Јончевски го состави конечниот список од 16-мина кошаркари за двете средби против селекцијата на Литванија, првиот на 21 ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, на 24 ноември, на гостински терен во Клаипеда, и од него отпадна Ти-Џеј Шортс, кому евролигашот Париз не му дозволи да настапи за националниот тим.
Нено не доби дозвола да го напушти Милано поради мечот на Олимпија во Евролигата, но, по сè изгледа, Димитријевиќ ќе биде големо засилување за реваншот во Вилнус, исто како и Итан Хап.