Македонците во Пустец со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во трагедијата во Кочани

22
Фото:фб Општина Пустец

Општинската администрација, наставниците и учениците од гимназијата и партијата Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) со едноминутно молчење изразија почит кон жртвите.

На плоштадот „Гоце Делчев”, пред црквата Свети Архангел и Михаил жителите на Пустец запалија свеќи во знак на почит, а свештеникот Алекс Темелко се помоли за покој на душите на загинатите и здравје и брзо закрепнување на повредените.

-Со искрена болка изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Бог да ги прости и да им подари вечен мир во Царството Небесно. Македонците од Албанија се молат за душите на загинатите и за брзо закрепнување на повредените.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со Кочани. Нека почиваат во мир, рече отец Темелко.

Заедно со Македонците почит на загинатите во несреќата во Кочани им оддаде и Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

ИЗДВОЕНИ