Автомобил марка “пунто“ утрово беше „паркиран“ на високиот ивичник што ги раздвојува булеварот „Окомвриска револуција“ и споредна уличка во населбата Карпош 2, во близина на Факултетот за драмски уметности.
Како што раскажаа жителите на околните згради, наводно имало обид за кражба на возилото, а крадците откако не успеале во бегството го забиле автомобилот на ивичникот и буквално го прескокнале, но „пунтото“ останало заробено преку ивичникот.
Засега нема официјални информации за што станува збор и дали навистина се работи за кражба на авомобилот.