Мајкл Џордан освои шест шампионски титули со Чикаго булс пред крајот на минатиот век, но малку недостигаше да не дојде до тоа, односно да не го направи тоа со играчите што беа дел од легендарната генерација. Во пресрет на првата шампионска година (1990/1991), Џордан им даде „амин“ на клупските челници за размена на двајца многу важни играчи.

Откако ја загуби булс „мајсторката“ во финалето на Источната конференција против Детроит, во 1990 година, Џордан беше крајно фрустриран што побара да си заминат Скоти Пипен и Хорес Грант од клубот.

Во книгата „Jordan Rules“ од Сем Смит, се наведува дека по неуспешната сезона и поразот од Пистонс, Џордан сакал да има ветерани покрај себе.

  • Беше совршено добро со размената на Пипен и Грант за Бак Вилијамс и Валтер Дејвис – двајца играчи што беа ветерани и беа поуспешни во тоа време од неговите соиграчи – наведува Сем Смит во книгата, која е продадена во голем број примероци во светот.

Бак Вилијамс тогаш беше член на Портланд, вистинска сила под кошот, особено во дефанзивата, додека покојниот Валтер Дејвис играше за Нагетс, а претходно блескаше во Феникс и беше еден од најдобрите бекови во НБА. Бесен и лут што Пипен и Грант не ја правеа разликата што ја сака, тој ја поддржа размената, но…

  • Сакаше да игра со нив, сакаше играчи што на крајот ќе можат да се натпреваруваат со најдобрите играчи во светот, не сакаше да игра со бебиња, затоа беше фрустриран – вели Сем Смит во книгата.

На крајот, генералниот директор Џери Краус не успеа да ги доведе гореспоменатите играчи, објаснувајќи дека сака да ги исполни сите желби на Мајкл Џордан, но дека не е така лесно тоа.

  • Не можеме да гледаме на него како да му е советник на генералниот директор – порача Краус, оставајќи го во тимот со Грант и Пипен, со кои ја освои титулата.

На крајот на краиштата, во документарецот за Мајкл Џордан, Џери Краус е прикажан како негативец, што беше тешко за неговото семејство. Тоа беше бесно за сè што беше кажано за генералниот менаџер, кој ги создаде моќните „бикови“.

ИЗДВОЕНИ