Мајки Медисон доби Оскар за најдобра женска улога за брилијантната улога во филмот „Анора“. Оваа улога специјално за неа ја напиша режисерот Шон Бејкер.
Актерката ќе наполни 26 години подоцна овој месец, што ќе ја направи деветта најмлада жена што ја добила наградата.
Таа глуми сексуална работничка која се заљубува во незрелиот син на руски милијардер во комеди-драмата на Шон Бејкер, која минатата година ја освои Златната палма во Кан.
„Ова е многу надреално“, рече Медисон на сцената.
„Пораснав во Лос Анџелес, но Холивуд секогаш беше толку далеку за мене. Стоењето во оваа соба е навистина неверојатно“, додаде Мајки.
Таа и оддаде почит на заедницата на сексуалните работници.
„Ќе продолжам да ве поддржувам и да бидам сојузник. Ова е остварување на сонот. Или ќе се разбудам утре“, заклучи гордата Мајки.
Mikey Madison poses with her #Oscar pic.twitter.com/6T7FTRm4LK
— Film Updates (@FilmUpdates) March 3, 2025