Судот не го прифати барањето на мајката на Вања јавноста да биде исклучена од судскиот процес

393

Јавната обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска во судницата пред воведните зборови побара исклучување на јавноста од целата главна расправа, поради заштита на приватниот живот на оштетената Зорица, мајка на починатата Вања Ѓорчевска.

Но, судот не го прифати предлогот.

Според јавната обвинителка, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле.

Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштето денеска кажа дека ќе се откаже од сведочењето на мајката на Вања, Зорица. Тој се одлучил на ваков чекор, како што кажа, за да не се вознемирува.

Палчо седна на обвинителна клупа: Почна судењето за убиствата на Вања и Панче/ФОТО