Мајката чиј син единец беше убиен во „Рибникар“ не доби одговор на единственото прашање: Сите во судницата заплакаа

1841

Во Специјалниот суд во Белград на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, денеска е распитот на нивниот син Коста.К. (14) кој на 3 мај минатата година уби девет свои врсници и чуварот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Неофицијално, како што пренесоа српските медиуми, најтраорно било кога на момчето убиец му се обратила мајката на убиениот Андрија Чикиќ. Наводно со растреперен глас го замолила да каже зошто и го убил синот единец?! Сепак, таа не добила одговор.

Во тој момент речиси сите во судницата плачеле.

Коста Кецмановиќ е донесен утрово од болницата во која се наоѓа од неговото апсење. Малолетникот инаку е во судницата, односно зад говорницата.

Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката.

Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот од стрелиштето Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.