Ретко, но понекогаш поради грешка во системот дури и живите луѓе се прогласуваат за мртви. Иако звучи како заплет од филм, ваквите ситуации можат да предизвикаат сериозни последици за засегнатите.
Никол Паулино, мајка на три деца од Гајтерсбург, Мериленд, во ноември се обидела да ја обнови возачката дозвола, но наместо едноставен процес, наишла на голем број проблеми. Системот на Одделот за моторни возила во Мериленд соопшти дека Никол е мртва. Информацијата ја шокирала.
“Тогаш ми се чинеше дека сум починала. Се исплашив, нема да лажам, но и се изненадив, бидејќи сум жива. Тука сум”, изјавила Никол.
Иако многумина би помислиле дека би било прилично едноставно да се сменат податоците, бидејќи Никол била таму, докажувањето дека е сè уште жива било вистински кошмар. Нејзе ѝ било кажано дека не може да ја продолжи возачката дозвола поради „статусот на починат“ и дека нејзе и на нејзините три деца и е откажано здравственото осигурување.
Како резултат на тоа, медицинските сметки се натрупале и на Никол дури и го снемал инхалаторот што и требаше за нејзината астма.
Сето тоа поради печатна грешка
„Ова навистина, навистина ми го уништи животот. Многу ме погоди“, признала таа.
Кога нејзината приказна стана вирална откако беше пренесена од News 4, Никол почна да добива некои одговори. Издавачот контактирал со многу владини агенции во Мериленд за да дознае како настанала грешката. На крајот дознале дека сѐ е поради печатна грешка.
Излегува дека погребалното се обидело да пријави нечија смрт, но згрешиле една цифра во бројот од социјалното осигурување. По грешка, тие го испратиле бројот на Никол, поради што во записите пишува дека е „почината“.
„News4“ откри дека 10.000 вакви случаи се случуваат секој ден во САД, а помалку од една третина од нив се коригирани.
“Ова се случува речиси секој ден. Последиците се најлоши можни за вашиот кредитен извештај”, рекол адвокатот Џозеф МекКлеланд.
Никол оттогаш ги реши работите, иако верува дека тоа немало да се случи доколку не ја раскажела својата приказна за весникот.
“Се обидов тоа да го решам сама и не постигнав ништо. Да не беа вестите на NBC кои ми се понудија да ми помогнат, никогаш немаше да го решам овој проблем. Целото фијаско се одрази на моето физичко и психичко здравје” – заклучи Никол.