Верица Шерифовиќ е многу позната пејачка, неодамна пееше на една приватна забава во Скопје, па моментот беше искористен таа да отвори душа за својата приватност. За бракот кој ѝ се распаднал и кој тогаш ѝ донесе многу големи проблеми. Верица во бракот со Рајко Шерифовиќ доживеала психичко и физичко насилство, но храбро и долго издржала сè за доброто на својата ќерка Марија.
– Доживував тешки нервни кризи! А, главната причина за сè, беше зависноста од алкохол на Рајко. Но, покрај алкохолот тој имал и уште еден порок, проблем со комарот. Кога ќе испиеше две-три пијачки, тој веќе не беше нормален човек. Сите во семејството патевме, вклучително и свекор ми, и свекрва ми. Многу криев од моите родители. Да знаеше татко ми, ќе го распарчеше мажи ми.
Кога Марија ја заврши гимназијата, јас решив да го завршам тој брак. Конечно, се разведов, ми беше тешко, но со текот на времето станав сосема поинаква личност: добро расположена и насмеана. Сепак, кога се спакував и дојдов во Белград, Рајко дури тогаш сфати дека е сосема готово меѓу нас. Денес, после толку години од разводот останавме во комуникации, ама само како добри познаници. Д.М.