Маицата на Зеленски ја налути Русија, остра реакција на Захарова: „Сам си кажа кретену“/ФОТО

543

Претседателот на Украина за време на вечерното обраќање носеше маица со натпис „Да ја направиме Русија повторно мала“, што предизвика реакција од Министерството за надворешни работи на Русија.

Володимир Зеленски ја носел маицата, која очигледно била направена по моделот на слоганот на Трамп, во видео објавено на неговите профили на Твитер и Инстаграм, во кое тој зборува за новата американска помош за Украина од замрзнати руски средства.

„Од Соединетите Американски Држави пристигна важна вест: Америка одлучи да обезбеди 20 милијарди долари. Овие средства се обезбедени од замрзнати руски средства и се дел од одлуката на Г7 да и обезбеди на Украина 50 милијарди долари за поддршка на нашата одбрана и отпорност. Оваа помош навистина ќе не поддржи, а важно е да се спроведе оваа година. Благодарен сум на САД и на целата група Г7“, рече Зеленски.

Руското министерство веднаш реагираше на натписот на маицата на Володимир Зеленски, нарекувајќи го „кретен“.

„Мала, како што? СССР? Руската империја? Ах, сфаќам! Како Киевска Русија. За тоа ни треба Киев. Сам си кажа, кретену“, рече Марија Захарова, портпаролка на министерството.