На 59. издание од Супербол, кој ќе се игра на 9 февруари во Њу Орлеанс, ќе гледаме реванш од финалето во 2023 меѓу Канзас Сити и Филаделфија, кои ќе го дадат новиот шампион на НФЛ лигата.

„Орлите“го „прегазија“ Вашингтон со 55:23, додека во таканареченото „финале пред финалето“, Канзас Сити во многу понеизвесна партија го победи Бафало (32:29), запишувајќи повеќе од 30 поени првпат оваа сезона.

Ова ќе биде петти Супербол за Патрик Махоумс, кој досега освои три титули, а сега ќе има можност да го освои третиот последователен „трофеј Ломбарди“ против орлите – меч во кој влегуваат како фаворити. Ова не само што би потврдило дека тој е најдобриот квотербек во НФЛ лигата во моментов, туку и сериозен кандидат за „симнување“ од тронот на досега неприкосновениот Том Брејди.

Интересно е тоа што Брејди е само еден од двајцата квотербекови кои го запреа Махоумс откако влезе во НФЛ во 2017 година, додека единствениот друг квотербек што го стори тоа од „помладиот гард“ беше Џо Бароу од Синсинати, чиј тим дури и не се пласираше во плејофот оваа година на завршницата.

ИЗДВОЕНИ