Почнувајќи од денеска до верскиот празник Водици, 19 јануари 2025 година, пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром ќе се одржува „Зимзоленд“, кој ќе им понуди на скопјани вистинска новогодишна атмосфера и забава.
Овој уникатен новогодишен настан, ќе ја донесе магијата од европските и од светските метрополи директно во срцето на Скопје, е во организација на Здружението за организирање настани „Зимзоленд“.
– „Зимзоленд“ е настан на кој ќе се сретнат традицијата и современите трендови за да се создаде уникатна новогодишна атмосфера, која ќе ги освежи срцата на сите посетители и која ќе ги потсети на убавината на празничниот дух. Со оваа иницијатива, сакаме да го внесеме Скопје на светската карта на градовите што ја слават новогодишната магија во свој уникатен стил – велат организаторите.
View this post on Instagram