Мацут по изборот за мандатар на новата српска влада: Експозе, па коментар!

133

Мандатарот за претседател на новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут денеска за ФоНет изјави дека нема да зборува за тоа какви ќе бидат неговите потези од премиерската позиција пред да поднесе експозе во Собранието на Србија.

„Сè уште нема точен датум за поднесување на експозето, но секако се очекува до крајниот рок дефиниран и предвиден со закон, 18 април“, рече Мацут.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа за кандидат го предложи професорот д-р Ѓуро Мацут.

Вучиќ: Д-р Ѓуро Мацут е предложен за мандатар на новата влада на Србија

„Мацут не ја носи горчината што ја носам, нема да бидам дел од новиот кабинет“, вели Вучевиќ

ИЗДВОЕНИ