„Мацут не ја носи горчината што ја носам, нема да бидам дел од новиот кабинет“, вели Вучевиќ

390

Премиерот на Србија во техничкиот мандат Милош Вучевиќ утринава изјави дека мандатот за состав на новата влада на Србија Ѓуро Мацут и новата влада треба да внесат нова енергија, наведувајќи дека Мацут е личност „која може да отвори социјален дијалог“ бидејќи не е оптоварен со некои работи од претходниот период како што беа тој и неговата влада, за да може полесно да разговара во светот со сите луѓе.

Вучевиќ за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека нема да биде дел од новиот кабинет, туку „апсолутно ќе се фокусира“ на работата во Српската напредна партија (СНС), чиј претседател е тој.

„Мацут ќе има полесна ситуација за разговор бидејќи не ја носи горчината што ја носам. Без разговор нема решение, но за разговор треба да има волја на двете страни. Не знам дали е можно да се постигне консензус, но верувам дека е можно да се дојде до разговор и дијалог. Решението не е во блокади и фрлање јајца“, рече Вучевиќ.

На прашањето дали има индиции дека може да се случи таков дијалог, тој рече дека тоа ќе се види во наредниот период, наведувајќи „дека сега не треба да бидеме премногу амбициозни, а од друга страна да не ја отпишуваме секоја можност“.

„Верувам дека дијалогот е можен и сигурен сум дека е многу неопходен, но Србија нема многу време да чека, мора да продолжи понатаму“, рече Вучевиќ.

Мислам дека не е логично и природно веднаш по премиерската функција да бидам во влада“, рече тој, зборувајќи за претстојното именување.

Тој додаде дека ќе се занимава со Српската напредна странка.

„Тоа е моја одлука и му ја соопштив на претседателот на државата Александар Вучиќ“, рече Вучевиќ.

ИЗДВОЕНИ