
Во летото 2022 година, Манчестер Јунајтед издвои 70 милиони евра за Бразилецот Касемиро. Многумина беа изненадени од одлуката на Реал (М) да ослободи од играчот кој имаше важна улога во тимот на „кралскиот клуб“, но челниците не погрешија.
Касемиро се покажа како вистинска „мачка во вреќа“ на „Олд Трафорд“. Искусниот играч за врска две и пол години не покажа апсолутно ништо.
Веќе е јасно дека 32-годишниот е еден од најголемите неуспеси во историјата на клубот. Навивачите на „црвените ѓаволи“ не можат да веруваат дека за овој играч беа потрошени 70 мил. евра, но уште повеќе ги боли фактот што тој заработува 350.000 фунти неделно.
Нема дилема дека против Тотенхем играчот за врска го одигра еден од најлошите натпревари во својата кариера, изгледаше како аматер во споредба со играчите на лондонскиот премиерлигаш.
Сепак, менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, нема многу избор. Повредите го уништуваат скромниот ростер кој го има на располагање, па Касемиро мораше да одигра 90 минути.
Навивачите повеќе не кријат дека се бесни и сакаат да го казнат тој кој реши да се потпише со Бразилецот.
„Кој е одговорен за потпишувањето на Касемиро за 70 милиони евра и неговиот петгодишен договор од 350.000 фунти неделно? Тој никогаш не треба да се вработи во фудбалот“, коментираше еден навивач на „црвените ѓаволи“.
Бразилскиот фудбалер одигра 109 натпревари за Јунајтед и има постигнато 15 гола и забележано девет асистенции.
Без него, Реал (М) изгледаа неверојатно, освојуваше трофеј по трофеј, а Јунајтед и Касемиро тонат веќе со месец. Сол на големата рана додаде самиот Касемиро кој изјави дека планира до крај да го испочитува договор кој е со важност до 2027 година.