Мачка влезе во силно чуваниот северен тревник на Белата куќа во Вашингтон во петокот, предизвикувајќи метеж меѓу новинарите кои го забележаа изгледот на сивиот миленик со зелени очи на социјалните мрежи. Подоцна, со помош на персоналот во Белата куќа, пронајден е нејзиниот сопственик.
Мачката по име Софи накратко заврши во познатата сала за брифинг, каде што новинарите обично и поставуваат прашања на Каролин Левит, портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп.
CAT UPDATE 🐈
White House cat being reunited with owner!
Cc @KateSullivanDC https://t.co/zH07AZpr6d pic.twitter.com/HwTHFlLfA3
— Kellie Meyer (@KellieMeyerNews) April 18, 2025
На социјалната платформа Х, новинар ја сподели веста за мачката и објасни дека Софи носи околувратник и веројатно „Airtag“, мал уред за следење предмети или домашни миленици со паметен телефон.
На видеото се гледа како новинарката го држи животното во раце и се пошегува дека тоа „можело да биде некаков уред за прислушување“.
Софи е вратена кај нејзиниот сопственик.
Областа околу Белата куќа е една од најстрого обезбедуваните во светот. Американската Тајна служба го следи секое движење, а камерите и бариерите постојано ја штитат областа. Меѓутоа, неодамна едно дете успеало да добие пристап до објектот: момченцето незабележано се качило преку оградата, а припадницитѕе на безбедноста набргу потоа го вратиле кај родителите.