Mора да го намали нивото на тестостерон ако сака да се натпреварува со жени

584

Доколку јужноафрикнската атлетичарка Кастер Семенија сака да продолжи да се натпреварува на атлетските патеки во женска конкуренција ќе мора да почне да зема тарапија за намалување на тестостеронот, бидејќи Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ја класифицираше како маж.

-Светската атлетска федерација ниедена спортиска со пореметување на хормоните не ја дискриминира. Во спротивност го прифаќаме нејзиниот пол и им дозволуваме да се натпреваруваат во женска конкуренција.

-Меѓутоа, ако спотистката со пореметување има тестиси и машко ниво на тестостерон, коските и мускулите и се премногу силни  и им се зголемува хемаглобинот  како на маж  кој минува низ пубертет,  тоагаш тоа е проблем, бидејќи тоа им дава предност на мажите во однос на жените.

-Со цел да осигураме фер натпреварување во женска конкуренција, спортистките со зголемен тестостерон треба да го намалат нивото  на ниво за жени со цел да можат да се натпреваруваат , се вели меѓу другото во соопшението на ИААФ.

Но, Кастер Семенија не е сама во овој проблем, бидејќи зголемен тестостерон имаат  и олимписките  шампионки од Рио, Нионшаба и Маргарет Вамбуи.
Џонатан Тејлор е еден од адвокатите   на Меѓународната атлетска федерација и смета дека натпреварувањето не би имало смисла без смалување на нивото на тестостерон. Заради тоа Споррскиот арбитражен суд ќе ја изнесе својата класификација  дка Семенија е маж.

-Спортскиот арбитраќен суд одлучи дека правно спортистките со зголемен тестостерон не може да се натпреваруваат, бидејќи би доминирале во однос на останатите атлетичарки. Едноставно спортистките со нормално ниво на тестостерон за жени не би имале шанси за победа, изјави Тејлор.

Семенија  има освоено два златни олимписки медали на 800 метри во Лондон 2012 година и Рио  де Жанеиро во 2016. Исто така таа е трикратна светска шампионка од Берлин 2009, Даегу 2011 и Лондон 2017 година. Од Мундијалот во британсакта престолнина има и бронза на 1.500 метри.