Љупчо Трајков и Даниел Анчев го фатија чесниот крст во Вардар во Гевгелија

50

Љупчо Трајков и Даниел Анчев, испливаа најбрзо по Светиот Крст, во реката Вардар,

македонскиот Јордан во Гевгелија, кој се потопи по повод празникот Богојавление – Водици.

Од страна на свештениците од Гевгелиската епархија тие беа благословени со желба да поминат низ сите места во општина Гевгелија и да понесат со себе порака за благосостојба мир и љубов во секој христијански дом.

Градоначалникот на Општина Гевгелија им подари лап топ, а на сите граѓани им посака пред се здравје, мир, љубов, пород и разбирање! На сите кои денес го слават својот именден, тој им посака вечно име ,долгогодишно славење и убав празничен ден. (Љ.А.)

ИЗДВОЕНИ