Љупчо ни извади нови лопата, ашов и копач и нареди, копајте!

604

Откако ја киднапирале Вања Ѓорчевска ја однеле на местото викано Оризови дупки кај селото Бразда.

– Го отворивме гепекот, ја праша Љупчо како се вика, чија е и откако дозна, ни нареди да ја извадиме надвор од колата да ја слика и да ја испрати сликата на фамилијата. Кога ја откопчав вреќата сфатив дека е дете, му рековме со Влатко дека е грешка и да ја пуштиме, дека сме со маски и нема да не препознае.

Љупчо цело време ми викаше да не се секирам дека ништо не разбирам, продолжи со сведочењето Велибор Манев. Во еден момент додека бил завртен со грб од девојчето, Палевски и пришол со пиштол и перниче и и пукал во главата.

– Бев надвор од себе. Избезумен, а Љупчо од пикапот извади нови копач, лопата и ашов и ни нареди – Копајте! кажа Манев и откри дека Палевски им ветил по 150 илјади евра од откупот кој планирал да го бара за ќерката на фармацевтот, но кога сфатил дека грабнале погрешна личност им рекол дека ќе бидат помалку пари.

Манев рече дека на сите снимки од Обвинителството се тие, обвинетите во цитроенот и рено кангуто.

Според Манев, по убиството на детето Палевски му се јавил неколкупати на Телеграм, а во едно од јавувањата, му кажал дека од Турција ќе оди за Москва. Манев го амнестираше таткото, обвинетиот Александар, рече дека не бил инволвиран, туку дека инспекторите со ќотеќ му го изнудиле таквото признание.

Во моментов Велибор зборува како го тепале инспекторите, а од ударите паднал во бесознание.

Да не расипуваме пријателство имаш убава фамилија, му рекол Палчо на Велибор

Палевски имал и други жени на списокот за грабнување

ИЗДВОЕНИ