Основното јавно обвинителствоја информираше јавноста дека Предлогот за разрешување на државниот обвинител, Љупчо Коцевски, нему му е доставен од страна на Советот на јавни обвинители и оти писмено ќе се произнесе во законскиот рок. Во меѓувреме, тече првиот рок од 15 дена, во кој членовите треба да дадат позитивно или негативно мислење во однос на Предлогот за разрешување на Коцевски. Советот има и втор рок од исто толку денови, но со оглед на тоа дека обвинителот Коцевски најави дека ќе одговори во законскиот рок, би требало седницата да се случи во следните две недели. На седницата на која членовите на Советот ќе расправаат по Предлогот за разрешување не смее да биде присутен државниот обвинител. Мислењето на СЈО ќе биде презентирано пред пратениците на седницата на која ќе се дискутира по предлогот за разрешување на Коцевски кој пак може да присуствува на собраниската седница, и да се произнесе по предлогот. За негово разрешување потребни се 61 глас од народните избраници. Коцевски претходно изјави дека законитоста на постапката за негово разрешување ќе ја остави на судот на јавноста, рече дека не направил крупна професионална грешка, како што бара законот за да биде разрешен. Премиерот Христијан Мицкоски му порача сам да си даде оставка со цел да се забрзала постапката за избор на нов Државен обвинител. (П.А.)