Белорускиот претседател Александар Лукашенко утре ќе ја посети Москва каде ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија денеска од Кремљ.

  • Планирано е да се разговара за клучните прашања за натамошниот развој на билатералните односи на стратешко партнерство и сојуз меѓу Русија и Белорусија, изгледите за интеграциска соработка во рамките на Унијата, како и актуелните теми од меѓународната агенда, се вели во соопштението.

Се додава дека како резултат на преговорите се очекува да бидат потпишани голем број заеднички документи, пренесува „Интерфакс“.

Ова ќе биде прва странска посета на белорускиот претседател по неговиот реизбор на крајот на јануари.

ИЗДВОЕНИ