Александар Лукашенко на вчерашните претседателски избори во Белорусија освои 87,6 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од излезните анкети по затворањето на гласачките места. Лукашенко го освои седмиот претседателски мандат, а опозицијата изборите ги оцени како фарса.
Европска Унија соопшти дека остануваат во сила санкциите кон Лукашенко, додека изборите ги оцени како маскарада.
Седумдесет годишниот Лукашенко владее со Белорусија 31 година. И тој ќе владее уште најмалку пет години, и всушност по се изгледа – доживотно. Тој ја има таа позиција најдолго од кој било претседател во Европа, а земјата не познава друг претседател во својата историја – освен Лукашенко. Тој или ги протера или ги апсеше опозицијата, активистите и независните новинари.