Мајами планира да се ослободи од Џими Батлер и да го доведе Лука Дончиќ од Далас, пишува познатиот весник „Мајами Хералд“.
Претседателот на Мајами, славниот Пет Рајли, по три суспензии, јавни прозивања и расправии, сака да го земе во своите редови еден од најдобрите плејмејкери во лигата. Ова е последна година од неговиот актуелен договор, а доколку ја искористи опцијата од договорот да го продолжи престојот во Мајами за уште една година, Мајами би морале да му платат 52,4 милиони долари.
Мајами дефинитивно не го сака тоа. Тој сака да го расчисти просторот за „салари капот“, за следното лето да има над 80.000.000 долари бесплатно во „селери капот“.
Очигледно во план е да се доведе Лука Дончиќ, кој потоа ќе биде слободен играч. Словенецот не е премногу задоволен од ангажманите на Далас, кои никако не можат да состават тим кој ќе парира на најдобрите, па затоа оваа опција и не е толку неочекувана.
Како што наведува споменатиот извор, Мајами размислува за секој детаљ при градењето на тимот, планот е да ги преземе договорите до крајот на сезоната 2025/26, за потоа платниот простор да биде „чист“. Целта на Мајами е да ја зачува финансиската флексибилност за таа сезона, кога неколку играчи на Ол-старот, меѓу кои и Дончиќ, ќе станат слободни агенти.
Не е тајна дека Дончиќ е голема желба на Пет Рајли и Мајами. Од друга страна, тешко дека Марк Кјубан би го пуштил Дончиќ. Велат – „таму каде што има чад, има и оган“, ќе видиме дали е така во овој случај.
The Miami Heat are positioning themselves to have over $80 million in cap space in 2026, when players like Luka Dončić could potentially become free agents, per @flasportsbuzz
“According to a source, the Heat also has felt it should receive a carrot (likely a draft pick) if it… pic.twitter.com/TJRUAOTM5R
— NBACentral (@TheDunkCentral) January 28, 2025
За Лука Дончиќ ова е седма сезона во НБА лигата и просечно бележи 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции по натпревар. Оваа сезона, малку е веројатно дека Маверикс ќе го повторат финалето во НБА од минатата година.