Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ, се врати во арената на Далас за прв пат откако зимава беше трејдуван во редовите на Лејкерс. Тимот од Лос Анџелес славеше на гости кај Далас со 112:97, а овој натпревар беше од посебно значење за словенечкиот плејмејкер, каде мина неколку феноменални сезони.

Се беше многу емотивно за време на загревањето, а Маверикс на големото платно пуштија емотивно видео од Дончиќ. Низ салата одекнуваше „Лука, МВП“, но тоа не беше се што се слушаше во таа прилика.

„Исфрлете го Ник (Херисон)“, се слушаа извици, јасно упатени кон генералниот директор на Далас.

Дончиќ не можеше да ги сокрие солзите иако се обиде и го покрие лицето со рака, но на сите им беше јасно дека емоциите го совладаа. Ги тресеше нозете, се трудеше да не заплаче, но на крајот не издржа.

Меѓутоа, кога започна мечот, беше немилосрден. Тој постигна 45 поени, додаде осум скока и шест асистенции и беше главен предводник на „езерџиите“ до оваа важна победа која може да биде решавачка во борбата за третото место на Западот.

Со оваа маестрална партија, Лука им испрати јасна порака на сите оние кои згрешија кога го трејдуваа во Лејкерс во замена за Ентони Дејвис и неколку пика на НБА драфтот.

Победата за гостинската екипа е многу важна во игра која може да биде решавачка во борбата за третото место на Западот.

ИЗДВОЕНИ