Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ игра сè подобро во дресот на Лос Анџелес лејкерс, каде што дојде во текот на зимскиот преоден рок, од редовите на Далас, во спектакуларна размена, која ја потресе НБА-лигата. Тој одигра маестрална партија во победата над Њу Орлеанс, постигнувајќи 30 поени, 15 асистенции и осум скока. Иако само што пристигна, изгледа ужива во новото опкружување и веќе успеа да постави рекорд, но и вербално да се пресмета со судијата.
Luka Dončić dazzled as a passer and a scorer in the Lakers’ 7th straight victory!
🤩 30 PTS
🤩 15 AST
🤩 8 REB
🤩 6 3PM pic.twitter.com/JwIja0gvBi— NBA (@NBA) March 5, 2025
Покрај импресивната партија, запиша шест тројки и имаше индекс на корисност +37. Ова го направи прв играч во историјата на франшизата што забележал такви статистички резултати на еден натпревар.
Така, Дончиќ влезе во историјата на Лејкерс како четврти играч со 30 или повеќе поени и 15 или повеќе асистенции. Пред него тоа го имаа постигнато само легендарните Меџик Џонсон, Џери Вест и Леброн Џејмс. Она што го издвојува е фактот што прв го постигна ова со пет или повеќе реализирани тројки.
Додека Меџик имаше 19 натпревари со скор 30:15, Вест само шест, а Леброн само еден, темпото на Дончиќ сугерира дека може да продолжи да ги поместува границите.
Исто така, Словенецот ги провоцираше своите чувари барајќи да му се приближат. Со паметен потег, тој се истакна во одбраната. По блокада, тој употреби трик за да ја задржи топката на теренот и покрај тоа што беше на работ од аут-линијата.
Дополнително, не го криеше незадоволството од судењето. По еден прекршок што не го досудија судиите, тој остана на подот со болна гримаса, а потоа ја крена главата и го „почести“ судијата со сочна пцост на српски јазик.