Лос Анџелес синоќа ги доби и Лука Дончиќ и Ана Бекута. Лејкерси за првпат можеа да сметаат на помошта на словенечката суперѕвезда, па поради тоа во салата се собраа многу американски ѕвезди.
Домашните се радуваа на победата, а Лука покажа дека ќе биде сериозно засилување, но и одличен шоумен.
Тој се подготвуваше за натпреварот додека низ салата одекнуваше познатата песна на Ана Бекута „Еден живот имам“.
Американците се навикнати Лука да го форсира народниот репертоар, а како тоа изгледа на дело, публиката во Лос Анџелес виде и самата.
Снимката се појави на Икс и другите социјални мрежи, а Ана Бекута веројатно немала поим дека ќе стигне до градот на ангелите.
Luka Doncic is warming up to Serbian music, as he did in Dallas.
Here’s “Imam Jedan Život” by Ana Bekuta: pic.twitter.com/m0zxHshpvo
— Jovan Buha (@jovanbuha) February 11, 2025