Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ веќе неколку недели е главна тема во НБА- лигата, прво поради тоа што беше заменет од Далас за Ентони Дејвис од Лос Анџелес лејкерс, а потоа и поради приспособувањето на новата средина.

Веќе неколку дена луѓето зборуваат и пишуваат за неговиот трипл-дабл учинок против неговиот сега поранешен клуб, бидејќи и покрај лошите шутерски перформанси, го уништи.

И додека многумина веруваат дека ќе му биде подобро во Лос Анџелес бидејќи ќе биде прва ѕвезда на најпознатата НБА-франшиза, има и такви што тврдат дека неговата кариера е прикрај. Како што пренесува доверливиот „Атлетик“, Далас маверикс се ослободил од Словенецот, бидејќи не му претстојат уште многу успешни сезони во најсилната кошаркарска лига на светот.

  • Луѓето што беа сведоци на последните денови на Дончиќ во Далас, не може да кажат многу добри работи за неговиот професионализам. Тие го нарекуваат мрзлив. Тие зборуваат за проблемите со тежината, кои беа толку чест извор на фрустрации во тимот. Тие ги споменуваат социјалните навики за кои веќе се пишуваше, неговата љубов кон пивото и наргилето, што беше дел од загриженоста во НБА-тимовите уште кога, како ѕвезда на Реал Мадрид, се пријави за НБА-драфтот. Далас предвидува целосен крах на Дончиќ, истакнувајќи ја здравствената историја, која, како што сметаат некои, најверојатно ќе доведе до катастрофа во следните пет години – се вели во написот за Лука.

ИЗДВОЕНИ