Челниците на турскиот кошаркарски гигант и поранешен шампион во Евролига, Анадолу Ефес, му врачија отказ на тренерот Томислав Мијатовиќ и на неговото место го назначија Лука Бjанки. Интересно е тоа што отпуштениот Мијатовиќ ќе остане во Ефес, каде што ќе му биде асистент на новиот тренер.
Лука Бjанки пред еден месец доби отказ од Виртус Болоња поради лошите резултати, но не чекаше долго за нов ангажман.
Инаку, оваа одлука на Ефес да направи промени во стручниот штаб дојде по поразот од Бешикташ во турското првенство.
Ефес моментално има скор од десет победи и девет порази во Евролигата, а Банки ќе има можност да дебитира веќе во петок против Асвел.