Легендарниот Формула 1 возач, Луис Хамилтон, одлучи легално да го промени своето презиме. Имено, познатиот пилот на „најбрзиот циркус на светот“ сакал некако да ѝ оддаде почит на жената што го родила и го одгледала, особено што го носи презимето на својот татко, со кого не живее од двегодишна возраст.

Имено, Луис Карл Дејвидсон Хамилтон е роден на 7 јануари 1985 година, во Стивенејџ, Англија. Неговиот татко, Ентони Хамилтон, има афрогренадско потекло, додека неговата мајка, Кармен Ларбалести, е Британка од Бирмингем.

Токму тие, родителите на Хамилтон, се разведоа кога имаше тој две години, по што живееше со својата мајка и со постарите полусестри, Саманта и Николас. И продолжи така до дванаесеттата година. Луис Хамилтон потоа почна да живее со својот татко, маќеата Линда и со полубратот Николас, кој, исто така, е професионален возач на трки.

Меѓутоа, фактот што десет години го воспитувала исклучиво мајка му, го навело да сака законски да го смени името. Односно, тој сака да се вика: Луис Ларбалести-Хамилтон.

  • Оваа промена би значела многу за мене, но особено за мајка ми. Јас не сум од оние што разбираат зошто го губи жената презимето во бракот, па сакав да ѝ покажам почит на мајка ми, на овој начин. Таа е посебна личност и сакам да продолжи да постои нејзиното име преку мојата лоза – нагласи британскиот возач.

ИЗДВОЕНИ