
Францускиот шампион ПСЖ го елиминира Ливерпул од Лигата на шампионите и тоа после пенал рулетот на „Енфилд“. Следен противник на „светците“ во четвртфиналето ќе има биде англискиот премиерлигаш Астон Вила.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике имаше интересна изјава по триумфот на „Енфилд“. Трофејниот шпански стручњак тврди дека сегашниот тим е подобар без Килијан Мбапе, кој со години бешее напаѓачката игла на парижаните.
„Сè уште мислам дека овој тим е подобар без Мбапе и во нападот и во одбраната“, беа бруталните зборови на Луис Енрике до поранешната ѕвезда на ПСЖ.
Сосема очекувано поранешниот селектор на Шпанија имаше само пофални зборови за своите фудбалери.
“Ова е само почеток. Ќе бидеме уште подобри. Покажавме силен карактер, игравме фудбал на наш начин. Тоа го правиме каде и да играме. Пресреќен сум. Горд сум на овој голем тим”, изјави Луис Енрике.
Мбапе за седум години ги собори сите можни рекорди во Париз. Одигра 308 натпревари со учинок од 256 гола и 98 асистенции.
Сепак, тој си замина означен како предавник. Раководните лица веруваа дека нема да оди во Реал (М), а тој се реши на тој чекор и од минатото лето си го исполни сонот потпишувајќи за „Кралевите“.
И покрај тешкиот старт во Мадрид како што одминува сезоната, тој игра се подобро и подобро, па на 42 натпревари оваа сезона постигна 29 гола и запиша пет асистенции.
Мбапе би можел да игра против својот поранешен клуб во полуфиналето на Лигата на шампионите. Ако тоа се случи, тој дефинитивно нема да добие аплауз од најверните фанови на ПСЖ.
Сепак, треба уште многу работи да се случат пред евентуалниот дуел. ПСЖ оди кај Астон Вила во четврт-финалето, а Реал (М) ќе игра против Арсенал.
Не е невозможно средбата да се случи, но треба да видиме што ќе се случува во наредниот период и како ќе се развива ситуацијата во Лигата на шампионите.
Дефинитивно, по овие зборови на Луис Енрике, Мбапе би имал повеќе мотив да покаже кој и што е.