Дури по пет играчи на Детроит и на Минесота, заедно со главниот тренер на Пистонс и еден помошник на Тимбервулвс, мораа предвреме да се преселат во соблекувалната по општата тепачка на теренот за време на втората четвртина од лигашкиот дуел во НБА лигата.
Од почетокот на мечот насекаде имаше искри, судиите мораа да укажат на технички грешки, а потоа се кулминираше при резултат 39:29 за гостите, кога по прекршокот над Наз Рид прво дојде до вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу играчите на двата тима. Инцидентот траеше доста долго, на моменти не беше јасно кој кого удира и влече, па на судиите им беше тешка работа да проценат кој е најодговорен. Судиите долго време го гледаа видеото со забавена снимка, а потоа решија трајно да ги исфрлат од натпреварот Наз Рид од Минесота и Донте ДиВинченцо, додека од Детроит на туширање зџаминаа Исаја Стјуарт, Рон Холанд и Маркус Сасер.
Темпераментот некако се смири и мечот заврши со победа на Минесота со 123:104, но судиите мораа да покажат 12 технички грешки, најмногу во еден натпревар во НБА од март 2005 година.