Екипата на Еурофарм Пелистер потешко од очекувањата се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако во полуфиналето во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада ГРК Тиквеш со 33:29.

Битолчани не беа во посакуван ритам во најголем дел од мечот, а за тоа најдобро говорат пцовките не тренерот на битолчани, Бранислав Ангеловски, кој имаше бурен тајмаут во текот на првото полувреме. Актуелниот македонски првак не играше според вкусот на Бранче Анегловски, по што следеше негово „шоу“.

  • Од прв до последен да одите во три „пи*ке мат*рини“, им порача на своите ракометари тренерот на Пелистер.

Очигледно, овие пцовки на Ангеловски позитивно влијаеја врз играчите, кои на крајот го пронајдоа патот до победа.

За Еурофарм Пелистер ова е четврто финале по ред во Купот, а лидер во овој потфат беше Радивојевиќ кој постигна 10 гола, четири повеќе од Мијатовиќ кој беше најефикасен кај Тиквеш.