Тимот на Мајами загуби со 121:114 на гостувањето кај Орландо, иако пред последниот период имаше убедлива предност. Од почетокот на мечот Мајами беше подобар ривал, стекна двоцифрена предност, на полувремето замина со 22 поени разлика и го одржуваше до последниот дел.
Сепак, домаќините беа поконцентрирани во последните 12 минути, иако се чинеше дека натпреварот е завршен, додека Мајами не можеше да погоди речиси ниту еден шут. „Жешките“ ги промашија сите осум тројки и постигнаа само два шута од поле, заедно со четири слободни фрлања во последниот дел.
Орландо го доби тој период од играта со 37:8, што беше доволно за да слави на крајот од мечот.
Резултати: Сакраменто – ЛА Лејкерс 99:103, Орландо – Мајами 121:114, Атланта – Мемфис 112:128, Бруклин – Јута 94:105, Чикаго – Бостон 98:123, Кливленд – Филаделфија 126:99, Милвоки – Вашингтон 112:101, Минесота – Голден стејт 103:113, Њу Орлеанс – Њујорк 93:104, Далас – ЛА Клиперс 113:97, Сан Антонио – Портланд 114:94, Феникс – Детроит 125:133.